Состанок со ФЗОМ 21.03.2020

Почитувани колеги,

Денес на ден 21.03.2020 година се реализираше средба меѓу ЗПЛРМ,албанско здружение,семејна медицина,ФЗОМ И МЗ.

Се дискутираше за сегашната состојба со Корона вирусот.

Сите матични остануваат да си работат во своите амбуланти

Боледувања да се даваат согласно препораките од ФЗОМ И МЗ.

Почитувани колеги, внимавајте со дијагнозите за кои се издаваат боледувањата.

Од понеделник ќе има пунктови  во секој град каде има центар за јавно здравје – за тестирање на пациенти.

Ќе има и промени на Мој Термин,алатки кои ќе ни олеснат при оваа ситуација.

Со почит Др Лилија Чолакова Дервишова

Претседател на ЗПЛРМ

Напишете коментар