Известување на регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза

Почитувани,

Во изминатиот период често се поставувани прашања од подрачните служби како и од фирмите за тоа како да се регулира правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа на вработените лица кои:

 – имаат симптоми и  се заболени од COVID – 19 (Коронавирус),

– се во изолација заради спречување на зараза но се асимптоматични (односно немаат знаци на болеста)  

 – се дијагностицирани дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус)  и

– се во изолација (карантин) заради спречување на зараза но за истите не е потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус),

Со цел навремено да се надминат дилемите, потребно е да ги известите избраните лекари за начинот издавање на ИСР образецот.

Напишете коментар