Соопштение од ФЗОРСМ

Почитувани,

Направено е дополнување на Соопштението  за лекарите (ЛКМ) истакнато на веб од 23.04.2020 година, со тоа што истото е заменето со ново  дополнето Соопштение за лекари (ЛКМ) од 13. 05.2020 година.

Промената се однесува во делот на:

  • Исплата на надоместок за привремена спреченост за работа по основ професионалното заболување на вработените во здравствениот сектор
  • Продолжување со работа на лекарите  специјалисти од 13.05.2020 година
  • Заверената потврда за потреба од ортопедско помагало избраниот лекар може да ја види на порталот на Фондот и да го извести осигуреното лице за бројот на заверената потврда за да може истиот да го подигне  помагалото во соодветната ортопедска куќа/аптека.

Со почит

Напишете коментар