Почитувани,
Во прилог ви испраќаме известување со кое Фондот се приклучува кон
препораките кои ги дава Министерството за здравство за масовна вакцинација
на населението со цел негова заштита од Ковид-19.
Истовремено, Фондот апелира до избраните лекари да ги советуваат и
едуцираат своите пациенти за предностите кои ги има вакцинацијата во
заштита на нивното здравје и здравјето на лицата со кои доаѓаат во контакт.
Ве молиме во врска со ова известување избраните лекари да бидат информирани
од ваша страна.
Благодарни за соработката,
Со почит,
ФЗОРСМ