Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Скопје, 10.04.2025 година

Историски чекор во примарната здравствена заштита!

✅ Над 2.500 матични лекари се опфатени

✅ Поддршка за руралните средини

✅ Поттик за скрининг програми

✅ Намалување на одливот на млади лекари

✅ Подобрување на квалитетот на услугите

Во Владата на РМ се одржа панел-дискусија по повод значително зголемување на капитациониот бод за матичните лекари по општа медицина, гинекологија и стоматологија на која учествуваше и генералниот директор на Фондот за здравство г-дин Сашо Клековски.

Учество земаа и претставници од ЗПРЛМ, Универзитетската клиника за гинекологија и матични лекари.

Ова е инвестиција во здравјето на граѓаните и сигурна иднина на примарната здравствена заштита

Напишете коментар