Прашалник

Почитувани

Лекарите од примарната здравствена заштита (ПЗЗ) имаат клучна улога во раната детекција на здравствени но и на развојни проблеми кај децата. Како прва точка на контакт со семејствата, тие можат да идентификуваат потенцијални проблеми за време на рутински прегледи, здравствени проценки, како и преку т.н. опортунистички скрининг. Ваквото рано откривање овозможува навремена интервенција и упатување кај соодветни специјалисти, што значајно ги подобрува исходите за детето.

Целта на овој прашалник е да се испитаат постоечките знаења, ставови и практики на  лекарите од ПЗЗ, со цел развивање на алатки и политики за унапредување на раната идентификација и интервенција кај деца во Македонија.

Пополнувањето на прашалникот ќе ви одземе 10–15 минути, но ќе претставува значаен придонес кон развојот на оваа важна област. Прашалникот е анонимен.

ЛИНК: https://forms.gle/eAf7gMANQQnQ6rd88

Ви благодариме за Вашето време и придонес.

Со почит,

АДИЦД
Македонско лекарско друштво

Напишете коментар