Средба помеѓу Министерот за здравство и Претседателот на ЗПЛРМ

На ден 13.08.2012 година се реализира средба помеѓу Министерот за здравство Никола Тодоров и Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова.

Средбата помина во работна атмосфера од час и половина.Темите за дискусија беа од областа на приватното здравство и проблемите кои го тангираат. Др Лилија ги пренесе барањата на базата на здравството-за промени во правната регулатива. На примарно ниво мора да се остави ПЗУ-ата веќе постоечки,да без проблем продолжат да фукционираат и да можат да се развиваат.Сите сакаме да има нови вработувања во нашата држава,а тоа ќе се направи што ке мора да се олесни вработувањето на втор доктор. Имаме потреба се да е на ПЗУ.

Договори за нови концесии на закуп на простор-барањето е да сами си изведат струјомери водомери и др.Во моментов во Чаир една ПЗУ плаќа и по 5000 денари месечно за вода.Договорите мора да се квалитетни и да нудат сигурност.

Не смее да има дестимулација над 2500 бода, во момент кога тешко ќе може да се вработи втор доктор и друг ќе одлучува дали ќе може да се вработи во дадено ПЗУ.

Што со висината на платите во приватниот сектор ,па и во цело здравство-дали не треба да ги следат поскапувањата на целокупната живеачка.Поскапеја струјата,бензинот,парното,имаме осигурување по професионална грешка,работилници,и др.

Се разговараше за матичните доктори сметаат да мора да постои партиципација во примарно здравство и да само така ќе можеме да работиме многу превентивни програми,но за сето тоа ни треба рационално трошење на нашето време.

Проблемот со пререгистрациите на осигурениците-нашиот став е да докторите на примарно ниво треба да го лекуваат секој еден жител на нашата земја и да не смее да има пасивни осигуреници.И треба да добиваме капитација за секој кој се изјаснил за нас.

Закажување кај специјалист од страна на матичен доктор-ќе постои веб апликација преку која ќе се врши закажувањето.Пренесено е да сеуште има доктори по здравствените домови кои немаат интернет и да сето тоа треба да се среди.И да веќе почнале пациенти да бараат да им ја завршиме оваа услуга

Се актуелизираше и проблемот –што со оние доктори кои конкурираа за мрежата а не влегоа во неа.Др Лилија го информираше Министерот да се работи за околу 36 приватни ПЗУ –кои се членови на ЗПЛРМ.
Претседателката на ЗПЛРМ-наведе да секогаш има шанса како да ни стане побогат здравствениот систем-побара воведување на ВИЊЕТКА-како во соседните земји и процент од тоа да се двои за здравство,или да се зголеми цената на цигарите и алкохолот и процент од тоа да се влева во здравство.Со тоа ќе има шанси да се зголемат за 100 посто платите кај докторите од јавно и приватно здравство.

Целта на ЗПЛРМ е да имаме задоволни доктори,задоволни пациенти,стабилен здравствен систем и стабилна држава.

Министерот наговести да пред Нова Година ќе има електронски рецепт и нова програма за работа.

Напишете коментар