Матичните лекари да посветуваат повеќе време на превенција за своите пациенти.

Ова денеска на заедничка средба го договорија здружението на приватни лекари, фондот за здравствено осигурување и министерството за здравство. Во моментво најголем проблем е депресијата, земањето антибиотици и антидепресиви.
Во иднина матичните лекари нема да прават систематски прегледи за деца, рамни стапала или искривен р’бетен столб. Тоа ќе остане обврска само на здравствените домови.
Лекарите утврдиле дека недостасува превенција и за малигните заболувања, високиот крвен притисок, шеќерната болест и бубрежната слабост.
Зоран Јаневски