20 денари за преглед кај матичен!

Симболични 20 денари за преглед кај матичен. По трет пат лекарите од примарното здравство бараат воведување на партиципација. За ред во ординациите и квалитетна услуга, секој пациент ќе треба и да плати. Овојпат зад матичните лекари застана и Лекарската комора.

Ги поддржуваме затоа што имаат аргументи за барањата. Мора да се постави ред пред ординациите и на лекар да одат само оние кои имаат потреба од тоа. Сведоци сме дека навистина има гужви во амбулантите а сите немаат потреба од лекарска грижа, вели Ленче Неловска потпретседател на Лекарска Комора

И матичните и претставниците на комората се свесни дека оваа новина нема да наиде на разбирање кај граѓаните. И експертските мислења се во насока на тоа дека примарното здравство е столб во системот. Со воведување на ценовник ќе ги ограничат услугите на осигурениците.

…Знамеме дека е непопуларна мерка, но и аргументите се на страна на матичните. Конечниот збор го имаат здравствените власти, вели Неловска

И во министерството и во Фондот се уште не ги добиле барањата и заклучоците од Лекарска Комора.

Сања Димитровска

Извор

Напишете коментар