На ден 04.03.2013 година во Министерство за здравство имаше средба помеѓу МЗ,ЗПЛРМ,Борка,Клиника за гастроентерохепатологија,
Тема: Март – Месец за скрининг на карцином на дебело црево
Почитувани колеги,
Во центрите за јавно здравје има доволен број на ФОБ тестови – за да ги упатите сите пациенти кои и малку имаат проблеми со метеоризам,со нередовно празнење на цревото,болки во стомак,крвави столици.
Целта е рано детектирање на одредена патологија.
Превенцијата на нашите пациенти ни е приоритет и треба сите заеднички да се потрудиме и на овој малку народ што живее во нашата земја –да му ја подигнеме свеста за чување на сопстевното здравје.Со заеднички сили до подолг живот.
И еден човечки живот да се спаси е вистинско богатство.