Состанок во Куманово 23.02.2011

На ден 23.02.2011 година, претставници од Куманово заедно со координаторот за истиот град предводени од претседателот на ЗПЛРМ остварија средби со заменик Министер, Државен секретар и Директор на државен здравствен инспекторат.

Состанокот протече во одлична атмосфера во која претставниците си ги кажаа своите проблеми а воедно беа културно сослушани од заменик Министер.

После тоа, истата екипа се упати на друг закажан состанок со Директорката Маја Парнаџиева.Се реализира и оваа средба.Заклучокот беше да решение има за проблемот и да здравниот дом мора да обезбеди простор соодветен за дежурство,ампули и се што треба за тоа да функционира по сите закони и правилници.

Директорката на ФЗОМ упати писмо до Здравен дом Куманово по кое ќе треба да се постапува.Проблемот беше решен на највисоко ниво во интерес на нашите колеги и на нашите пациенти.

One thought on “Состанок во Куманово 23.02.2011

Напишете коментар