
Некои специјалистички прегледи, како интернистички, матичните лекари без проблем ни ги закажуваат на „Мој термин“ и за неколку дена, некогаш уште утре, стасуваме на ред за преглед, но за да се сними отечен заб, матичните стоматолози ни закажуваат дури за 3-4 недели, иако треба уште истиот ден да ја добиеме оваа здравствена услуга, реагираат пациенти.
– На ќерка ми ~ отече забот, па матичната веднаш ~ даде упат за клиника за да направи и панорамска и обична снимка на забите. Но оттаму ја вратиле бидејќи на упатот пишувало за радиолошки технолог. Kога матичната повторно се обиде да ~ закаже снимање, се појави термин дури за три недели во поликлиниката „Бит-пазар“, а детето е со отечен заб! Се сетивме како да го одбегнеме директното закажување, па побаравме првин упат до орална хирургија и тогаш без проблем се среди работата и детето уште утредента го сними забот на клиника – реагира Љ.П. од Скопје.
Таа вели дека неодамна преку „Мој термин“ успеала да закаже специјалистички преглед и на физикална медицина, и тоа за само една недела, а на очен преглед ~ било закажано за 10-ина дена.
– Немав никакви проблеми ниту со упатот ниту морав да чекам како порано – двете докторки ме примија речиси точно во периодот што беше договорен. Пациентите не треба да трпат поради несогласувањата за електронското закажување и упатување и не смеат да бидат враќани од преглед или снимање поради некаква бирократска грешка – вели таа.
Матичниот стоматолог појаснува:
– При закажување за снимање заби, на „Мој термин“ ни излезе упат до радиолошки технолог, кој на клиника не го примиле бидејќи токму тоа го пишувало. Не знам што ние да направиме ако системот исфрла упати, кои потоа не ги признаваат на клиниките? Kога повторно се обидовме да ~ закажеме снимање, првиот слободен термин беше дури за три недели – на 7 ноември – објаснува стоматологот.
Таа додава дека дента го барале и програмерот за да им објасни како поинаку да го закажат снимањето, но неговиот телефон цел ден бил исклучен.
Од Здружението на приватни лекари на РМ признаваат дека с` уште има проблеми со упатувањето на пациентите на повисоко ниво, но потсетуваат дека и лекарите, особено специјалистите, би требало повеќе да се информираат.
– Со закажувањето и со упатувањето кај интернистите немаме никаков проблем зашто овие специјалисти ги има доволно, а проблеми ни се јавуваат за термини кај уролози каде што се чека и по 1,5 месец зашто има недостиг од овој кадар, а тоа се одразува и при закажувањето прегледи.
Затоа тие треба да примаат пациенти и во прва и во втора смена и да не ги враќаат од преглед зашто урологот што претходно ги примил не бил на работа во таа смена. Па урологот не е матичен! Ги потсетуваме и матичните лекари, а особено специјалистите на клиниките, дека постои и опција за приоритетен упат токму во случаи каде што има отоци на заб или други итни состојби за пациентите непотребно да не се враќаат – нагласуваат од Здружението.
До решение со приоритетен упат
Од Министерство за здравство апелираат и пациентите и лекарите да се јават на телефон за сите недоразбирања.
– Граѓаните, но и лекарите, слободно нека се јават на бесплатната линија 15 444 за каква било техничка помош или дилеми што се јавуваат при закажување на прегледите или снимањата. Има три линии, а некој ќе им објасни како да постапат. Што се однесува до снимање заби, особено кога станува збор за пациент со отечен заб, тоа се решава со приоритетен упат и пациентот треба веднаш да појде на снимање и да не чека нов упат – појаснуваат од Министерството.
Љубица Балабан