Почитувани,
Со оглед на тоа дека Фондот ја започна постапката за електронско склучување на договорите, за таа цел потребно е овластените лица (потписници на здравствените установи кои имаат активен договор со Фондот за 2013 година),
да пополнат и потпишат терк на изјава дека се согласуваат за електронско потпишување на договорите со Фондот за 2014 година преку Веб порталот, со користење на електронски потпис како валиден дигитален сертификат од
електронската здравствена картичка (ЕЗК).
При тоа потребно е да се исполнат следните предуслови:
1.Овластените лица ( потписници) на здравствените установи да имаат електронска здравствена картичка (ЕЗК). Сите овластени потписници кои се уште немаат ЕЗК можат веднаш да се јават во подрачната служба на Фондот кој во итна постапка ќе ја обезбеди истата;
2. Здравствената установа да има интернет поврзување;
3. Овластените лица да се регистрирани на веб порталот на Фондот со корисничко име и лозинка;
4. Изјавата за согласност за склучување на договор со Фондот во електронска форма да се достави до подрачната служба каде е седиштето на здравствената установа;
5. Обука за електронско потпишување на договорот во декември 2013 година и
6.Потпишување на договорот со електронската здравствена картичка најдоцна до 31.12.2013 година.
Со цел да ја олесни постапката за склучување на договорите по електронски пат, Фондот изготви терк на изјава за согласност за склучување на договор во електронска форма која треба да ја пополни и потпише овластеното/те лице/ца
( потписник/ци) на здравствената установа. Потпишаната и архивски заведената изјава приватните и јавните здравствени установи треба да ја достават до Подрачните служби на Фондот во зависност од седиштето на истите.Рокот за доставување на изјавата е 20.11.2013 година.
Поради кратките рокови за собирање на изјавите од сите здравствени установи, Ве молиме да ги информирате Вашите членови за поволноста која се нуди со електронскиот начин на потпишување на договорите со напомена дека можат да
добијат договор со Фондот, без да доставуваат било каква хартиена документација (освен изјавата).
За да се реализира овој проект потребно е овластените лица ( потписници) на здравствените установи да потпишат изјава дека се согласуваат за склучување на договорите по електронски пат. Со цел Фондот да им ја олесни постапката изготви соопштение за начинот за доставување на изјавата и терк на самата изјава кој е објавен на ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ФОНДОТ.
Со оглед на тоа дека изјавата треба да биде доставена до Подрачната служба на Фондот најдоцна до 20.11.2013 година, Ве молиме да ги информирате членовите дека теркот на изјавата можат да го симнат од ВЕБ СТРАНАТА НА
ФОНДОТ.
На следните линкови можете да ги превземете следните документи:
– Соопштение до здравствените установи
– Терк на изјава
Изјава од здравствената установа за електронски договор
Ви благодариме на соработката.
Со почит,
ФЗОМ