Покана за работилница

Почитувани,

На 21ви и 22ри Март 2014 година (петок и сабота) во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје ќе се одржи дводневна работилница за општи лекари под покровителство на Министерството за здравство, а организирана од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФАТМ) и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.

За учесниците на работилницата кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.

Тренингот започнува на 21ви Март (петок) во 13.00 часот.

Ве молиме да го потврдите учеството на тел: 02 3217 958, или на 078 481722 лице за контакт Ана Паунова.
Бројот на учесници е ограничен.

Со почит,
Ана Паунова

Напишете коментар