Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека Поликлиника Неуромедика има склучено Договор со
Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија за следниве специјалистички
служби:
• Психијатрија – Др.Пендаровска Слободанка
• Оториноларингологија – Др.Малинова Маринела
• Интерна Медицина – Др.Клодарабски Антон
• Офталмологија – др.Ѓорѓиовски Сашо
Локација Поликлиника Неуромедика Центар (спроти Универзална сала)
– ул.Партизански Одреди бр 42 и контакт телефон 313 3313
• Неврологија – Др.Џамбазовска-Зикова Сања
• Дерматовенерологија – Др.Спасовски Мирослав
• Ортопедија – Др.Талевски Тони
• Физијатрија – Др.Петрушевска Марија
• Општа Хирургија
• Орална Хирургија- Др.Тодор Стаменковски
Локација Поликлиника Неуромедика Влае (Мостот Обединети нации)
– ул.Влае бр. 87 и контакт телефон 204 23 23
Согласно здравствените политики на Министерството за здравство и новиот начин
на упатување на матичните пациенти на повисоко ниво на здравствена заштита,
сакаме да напоменеме дека како Поликлиника со 20 годишно искуство и врвни
експерти во специјалистичките области, Ви стоиме на располагање за соработка.
Вашите пациенти во нашата установа ќе добијат професионална услуга за кратко
време и на закажан термин истиот или најдоцна наредниот ден од јавувањето, а
Вие како матичен лекар ќе имате можност за кус временски период да ги добиете
извештаите за пациентот по електронски пат.