Почитувани колеги,
Во нашата држава почина странски државјанин како сомнителен сличај на ЕБОЛА.
Како Претседател на ЗПЛРМ апелирам до сите матични лекари кои се секогаш во се во првите борбени редови,до службите за итна помош,ургентните центри ,внимавајте,размислувајте,земајте темелни анамнези на пациентите кои доаѓаат кај вас
со покачена температура.Да се внимава на моментот дали биле надвор од државата,дали биле во контакт со странци.
Во време на брзи миграции,кога само за неколку часа се пристигнува од еден континент на друг мора големо внимание.
Министерството за здравство да воведе поголеми заштитни мерки на сите влезови во државата,аеродромски ,железнички и други гранични премини.
Потребно е да се даде телефон за контакт ако некој открие сомнителен случај во државата,за да тој пациент експресно биде ставен во карантин а не да се движи по исти патеки на движење со други пациенти болни од други незаразни болести.
Такви напатствија до матичните доктори до сега не се пристигнати иако Еболата може е пристигната и кај нас.
ЗПЛРМ постојано укажува да превентивните активности во однос на здравјето на овој народ кој живее во оваа држава мора да се императив за Министерството за здравство.
Со почит,
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова