Известување од ИЈЗ по однос на пријавување малигни заболувања

Се задолжуваат сите здравствени установи на подрачјето што го покриваат (на примарно, секундарно и терциерно ниво на здравствена заштита) каде што се лекувани болни од малигни неоплазми да ги пријават сите лекувани од МН во 2014 година (се однесува на здравствени установи кои до сега не ги пријавиле или делумно ги пријавиле) во рок од 10 дена.

Пријавите да ги достават до надлежниот ЦЈЗ. По истекување на дадениот рок ке се врши детална контрола во здравствените установи од страна на стручни лица од ЦЈЗ во соработка со Државен здравствен инспекторат по што за неизвршување на законската обврска ќе следат санкции согласно законска регулатива. Доставување на само неколку пријави (а се лекувани повеќе болни од малигни неоплазми) нема да се смета за извршување на обврската за пријавување. Исто така оправдување дека не го добиле известувањето нема да се земе во предвид бидејки секако секоја здравствена установа е должна според Законот до 5-ти во месецот да достави пријави за лекувани од МН во претходниот месец до надлежниот ЦЈЗ.

ИЈЗ на РМ

Напишете коментар