XIX Конгрес на лекарите на Македонија со интернационално учество

Во организација на Македонското лекарско друштво, од 1 до 3 октомври, во хотелот “Холидеј Ин”, во Скопје ќе се одржи XIX Конгрес на лекарите на Македонија.

Теми на Конгресот, како што веќе објавивме ќе бидат: фактори на ризик за кардиоваскуларни заболувања, дијагноза и третман на малигни тумори, естетска медицина, вакцинации и слободни теми.

Апстрактите треба да се испратат најдоцна до 15 јуни 2015 година, а за сите информации за Конгресот заинтересираните можат да се информираат на веб страната http://mld-congress2015.org.mk

Напишете коментар