Реакција до ФЗОМ

Почитувани колеги,

За сите колеги кои имаат добиено решение за намалување на капитација заради нереализирање на цели од разни причини, реагирано е до ФЗОМ, да им се овозможи плаќање на сумите на рати.

Бидејќи кај некои колеги казнените суми се поголеми од капитацијата која треба да ја добијат ПЗУ-та, заради опстанокот на тие ординации и егзистенцијалното прашање на вработените, Претседателот на ЗПЛРМ замоли тие суми да се плаќаат на рати. ФЗОМ прифати.

Со почит,
Претседател на ЗПЛРМ

Напишете коментар