Почитувани,
Ве известуваме за случаите кога осигурениците остваруваат право на привремена спреченост за работа-боледување поради нега на болен член на семејство над тригодишна возраст (сопруг/а, дете), односно основ 05, боледувањето треба да се продолжи од комисиите на Фондот без разлика дали болниот член е хоспитализиран или се лекува во домашни услови, бидејќи во најголем дел од случаите, осигурениците го придружуваат болниот член (најчесто дете над 3 годишна возраст) додека е хоспитализирано.
Воедно укажуваме на избраните лекари дека за нега на болен член на семејство над тригодишна возраст (сопруг/а, дете), каде осигуреникот ќе го придружува за време на хоспитализација и/или пружа нега во домашни услови, отворањето и водење на боледувањето се води под шифра Z76.3 – Здраво лице кое придружува болно лице. Воедно истата шифра се користи за придружник при специјализирана медицинска рехабилитација.
Напоменуваме дека Исполнувањето на дијагностичките постапки и запазување на временска рамка не се однесуваат на заглавјето на група дијагнози Z, туку се однесуваат на дијагнозата на болниот член. Воедно негата е со траење до 30 дена.
Со почит,
ФЗОМ