Почитувани колеги,
Координаторите по градови замолуваат на работилниците на ЗПЛРМ да доаѓаат само оние што се електронски пријавени. Кога се доаѓа во поголем број, координаторите имаат проблем со простор и сместување. Во секој град има доволен број на работилници, така да ЗПЛРМ се погрижи ниту еден доктор кој е член на ова здружение да не остане без сертификат.
Координаторите замолуваат секој член да носи оригинална уплатница, а не фотокопии.
Сите колеги кои сега отворија амбуланти, со една уплатница за едно тромесечие ќе ги добијат сите четири сертификати.
Со почит