ТРЕТ КОНГРЕС НА ПНЕВМОФТИЗИОЛОЗИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО – СТРУГА, ХОТЕЛ ДРИМ 05-07 НОЕМВРИ 2015 година

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,

Во име на Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија (ЗПМ) ми претставува особена чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на 3-от Конгрес на пневмофтизиолозите на Македонија со меѓународно учество кој ќе се одржи од 05-07 ноември 2015 година во Хотел Дрим во Струга.

Покана

Со предложените теми ќе бидат опфатени најактуелните прашања од областа на дијагностиката, лекувањето и превенирањето на белодробните заболувања. На Конгресот ќе учествуваат голем број на поканети предавачи од земјата и од странство што ќе овозможи високо ниво на професионалност и стручност што е од особена важност за сите учесници.

Можноста за размена на искуства и заедничкото дружење на Конгресот ќе придонесат за натамошен развој на медицината во областа на белодробните заболувања во нашата земја и пошироко во регионот.

Пријавувањето може да го направите на маил anapaunova@yahoo.com

Претседател на ЗПМ
Насловен доцент Д-р Билјана Илиевска Попоска

Напишете коментар