Реакција по повод нападот на докторот во Скопје – ЗПЛРМ Македонски Брод

По повод немилиот настан и напад на доктор на неговото работно место во УК за Абдоминална Хирургија Скопје, при што роднина на пациент пукаше во доктор и тешко го повреди.

Општинскиот одбор на доктори на Македонски Брод остро го осудува ваквиот чин и апелира на итна реакција на здравствените власти во насока на подобрување на безбедноста на докторите на нивното работно место како и севкупно подобрување на положбата и статусот на докторите во Р.Македонија.

Во оваа смисла мора да се инсистира пациентите покрај своите права нужно да ги имаат во предвид и своите обврски кога влегуваат во одредена здртавствена институција, како почитување на самата институција така и на докторите и целиот персонал вработен во истата. Само така ќе може повторно да се врати довербата помеѓу пациент и доктор. ПАЦИЕНТИТЕ ИМААТ ПРАВА – НО ИМААТ И ОБВРСКИ.

Бараме ИТНО да се донесе и законот за доктори за кој толку време се говори со кој овие пропусти ќе се надминат и ќе се обезбедат основните права на докторите како и осигурување на нивниот статус во општеството.

ЗПЛРМ – Македонски Брод

Напишете коментар