Семинари за ХПВ вакцинација

Почиувани колеги,

Институтот за Јавно здравје и Министерството за Здравство во рамките на превентивната програма за 2011 година имаат задача да спроведат Национална кампања за ХПВ вакцинација.

Оваа програма вклучува едукација на матичните лекари и лекарите од превентивните тимови во целата држава и за таа цел ќе се одржат 14 семинари.

Првиот семинар е закажан за 25.08.2011, четврток, во просториите на општината Чаир каде што се опфатени лекарите од Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Се повикуваат сите лекари да присутствуваат на овие семинари.

На ден 31.08.2011 ХПВ семинарот ќе се одржи во ОУ Љубен Лапе од 14 до 16 часот.

III – семинар е закажан на 06.09.2011 година во 14:00 часот, во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

IV – семинар е закажан на 07.09.2011 година во 14:00 часот, во старите простории на општината Карпош, во барака број 5.

Поканата и агендата за сите семинари можете да ги симнете на следните линкови:

Покана

Семинари

Со почит,

Институт за јавно здравје

ДО
МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ВО ПРИМАРНА
ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА,
ПРЕВЕНТИВНИ ТИМОВИ,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛЕКАРИ ПО
СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА ПРИ МЛД

Предмет: Покана за семинар

Почитувани,
Министерство за здравство на РМ, согласно Програмата за работа на Секторот за превентивна
здравствена заштита и Институтот за јавно здравје согласно Програмата за јавно здравје во РМ
за 2011 година, во врска со Националната кампања за ХПВ вакцинација организира семинари на
тема:

„ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ
ВИСТИНА“?

Предвидени се 14 семинари во сите региони во РМ, истите ќе бидат акредитирани од Лекарска
Комора на Македонија и ќе носат одреден број на бодови. Семинарите се наменети за лекарите
од општа пракса и лекарите од превентивните тимови кои треба да добијат едукација базирана
на докази во врска со бенефитот од ХПВ вакцината. Трибината ќе се одвива со следниов

Дневен ред:

Епидемиолошки аспекти на ХПВ инфекција
Д-р Гордана Кузмановска, Институт за јавно здравје на
Република Македонија

Воведување на ХПВ вакцина во Република
Македонија
Прим. д-р Јованка Костовска, Министерство за
здравство на Република Македонија

Вакцинација против ХПВ како примарна
превенција против ракот на грлото на матката
Д-р Горан Димитров, Универзитетска гинеколошко-
акушерска клиника Скопје

Ве молиме, за задолжително присуство на семинарите кои ќе се одвиваат во период од 14,00-
16,30 часот, а за местото и датумот навремено ќе бидете известени од колегите од Центрите за
јавно здравје.

Ви благодариме за соработката.

ВД Директор
Ас. д-р Шабан Мемети

5 thoughts on “Семинари за ХПВ вакцинација

  1. Семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.

    VI–от семинар е закажан на 20.09.2011 година во 14:00 часот, „Зграда на општина Охрид“- сала за состаноци.

    Семинарите се акредитирани
    Организатори – Министерство за здравство и Институт за јавно здравје на РМ.

  2. Семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.

    V–от семинар е закажан на 15.09.2011 година во 15:00 часот, Амфитеатар на Тетовскиот медицински факултет, Клиничка болница – Тетово

    Семинарите се акредитирани
    Организатори – Министерство за здравство и Институт за јавно здравје на РМ

  3. Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести и Сектор за контрола на заразни болести од Институт за јавно здравје на Република Македонија, во соработка со Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерство за здравство, организираат семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? кои се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.

    III – семинар е закажан на 06.09.2011 година во 14:00 часот, во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

    IV – семинар е закажан на 07.09.2011 година во 14:00 часот, во старите простории на општината Карпош, во барака број 5.

Напишете коментар