Почитувани,
На 10 и 11 Март 2017 година во Струмица, хотел Сириус во организација на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза и под покровителство на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА туберкулоза и маларија, ќе се одржи работилница под наслов: „Контрола на туберкулозата во примарната здравствена дејност“. Работилницата е наменета за лекарите кои работат во приватно здравствените установи (примарната здравствена дејност) во градовите Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Дојран и околината. Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.
Работилницата ќе се одржи во Хотел Сириус, и започнува во петок 10 март од 15:00 часот до 19:00 часот, и продолжува во сабота од 9:00 до 13:00, односно 14:00 часот.
Ќе ве замолам оваа информација да им ја пренесете на лекарите од примарната здравствена дејност од Струмица, за да можат да го пријават своето учество, кое во целост е под покровителство на Глобалниот Фонд.
Секој учесник е должен да го потврди своето учество на работилницата најдоцна до вторник 7ми Март 2017 на маил: anapaunova@yahoo.com, или на телефон: 078 48 17 22 (Ана Паунова).
На следниот линк можете да го превземете дневниот ред на работилницата.