Из­бо­рот на но­во ра­ко­водс­тво на Ле­кар­ска­та ко­мо­ра трг­на со туж­би

Из­бо­рот на но­во ра­ко­водс­тво на Ле­кар­ска­та ко­мо­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја (ЛКМ) се од­ви­ва со не­сог­ла­су­ва­ња. Трој­ца делега­ти од собранието на Ле­кар­ска­та ко­мо­ра под­не­ле туж­ба до Ос­но­вен суд 2, по­ра­ди, ка­ко што ве­лат, не­ре­гу­лар­ност при гласање­то за но­ви­от ста­тут на ко­мо­ра­та. Тие ба­ра­ат да се по­ни­шти но­ви­от ста­тут и но­во­то ра­ко­водс­тво на ко­мо­ра­та да се из­би­ра по ста­ри­от.

– Трој­ца де­ле­га­ти од со­бра­ни­е­то под­не­сов­ме туж­ба про­тив ЛКМ, по­ра­ди не­ре­гу­лар­ност при гла­са­ње­то на но­ви­от ста­тут. Не мо­же мал­цин­ски број на де­ле­га­ти, во слу­ча­јов 27, да ме­ну­ва ста­тут за 5.000 до­кто­ри. На со­бра­ни­е­то беа при­сут­ни 42 де­ле­га­ти. Потреб­но е мно­зинс­тво од вкуп­ни­от број де­ле­га­ти, а тоа е 67. Та­ка, на­ши­те прав­ни со­вет­ни­ци ка­жаа де­ка тоа е не­ле­ги­тим­но – ве­ли д-р Ли­ли­ја Чо­лако­ва-Дер­ви­шо­ва.

До­кто­ри­те што ту­жат има­ат под­не­се­но ба­ра­ње за при­вре­ме­на мер­ка, за да се сто­пи­ра це­ла­та по­стап­ка. Во ме­ѓу­вре­ме ЛКМ, ве­ли на­ша­та соговор­нич­ка, ги вне­ла но­ви­те по­да­то­ци во Цен­трал­ни­от ре­ги­стар и про­ме­на­та ја об­ја­ви­ла во „Служ­бен вес­ник“.

– Со тоа ѝ на­не­се ште­та на ле­кар­ска­та фе­ла. Срам­но е за ЛКМ да но­си ста­тут со кој за­бра­ну­ва се­ка­ква актив­ност на пре­тсе­да­те­ли на здру­же­ни­ја, пра­ви оп­штин­ски одбо­ри на при­ват­ни до­кто­ри са­мо во Скоп­је, а во дру­ги­те гра­до­ви не. Исто та­ка не да­ва спи­со­ци на ко­ле­ги­те од Скоп­је за да зна­ат ка­ко да се орга­ни­зи­ра­ат. Во ЛКМ зе­ма­ат пла­та од до­кто­ри­те и се долж­ни сѐ да е транс­па­рент­но, а не тај­но. Во мо­мен­тов ко­мо­ра­та е при­ват­ност на трој­ца ко­ле­ги и тие си пра­ват што са­ка­ат. ЛКМ тре­ба да ги бра­ни ин­те­ре­си­те на до­кто­ри­те и да се гри­жи за нив­ни­те проб­леми. Долж­ност и е да има ква­ли­тет­ни лу­ѓе со по­тен­ци­јал и ка­па­ци­тет што мо­жат да кре­и­ра­ат до­бро здрав­ство за си­те – до­да­ва Чо­ла­ко­ва-Дер­ви­шо­ва.

Се­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на ЛКМ, проф. д-р Ко­чо Ча­ка­ла­ро­ски, твр­ди де­ка сѐ би­ло во ред со но­се­ње­то на ста­ту­тот. Се­га се из­би­ра­ат де­ле­га­ти по оп­штин­ски­те од­бо­ри. Се оче­ку­ва тоа да за­вр­ши ме­се­цов и на 6 април со­бра­ни­е­то да из­би­ра нов пре­тсе­да­тел.

– Не­ма­ше ни­што не­ле­ги­тим­но при гла­са­ње­то и сѐ бе­ше за­кон­ски, за што по­стои и уред­на до­ку­мен­та­ци­ја од со­ста­но­кот на со­бра­ни­е­то на ЛКМ – ве­ли Ча­ка­ла­ров­ски.

Извор

Напишете коментар