Почитувани колеги,
минатиот викенд поточно од 09 до 11-06 2017 година во хотелот Манастир во Берово беше одржана интерактивна работилница на тема психоактивни супстанци, рано детектирање на лица кои користат вакви супстанци. Всушност се работи за Универзална програма за третман на нарушувања предизвикани од употреба на дрога според програмата на ICCE под покровителство на Министреството за здравство на Р. Македонија и Глобал Фондот . Здружението на приватни лекари на Македонија даде подршка и зема активно учество во реализација на работилницата со присуство на 25 матични лекари од Скопје кои во континуитет веќе неколку години под менторство на Доцент доктор Лилјана Игнатова од ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје се едуцираа за брзо откривање и детектирање на лица кои употребуваат психоактивни супстанци како и начините на кои можат да се стават под контрола и да се лекуваат. Условите за работа како и сместување беа на завидно ниво како и сите останати придржни елементи така да добрите резултати не изостанаа.
Здружение на приватни лекари на
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


