Средби по однос на новиот начин на упатување – пилот проект за цела Македонија

На ден 13.10.2011 година во 13 часот во Тетово се одржа средба на докторите претставници од ЈЗУ и ПЗУ од следните градови Тетово,Гостивар ,Кичево и Дебар.

Средбата ја организира Министерство за здравство, Фонд за здравство и ЗПЛРМ. Претставник од Министерство за здравство е Никола Грпчевски, од Фондот Др Ана Петрова и од ЗПЛРМ е Др Лилија Чолакова Дервишова.

Тема –новиот начин на упатување-пилот проект за цела Македонија

Средбата се одржа во амфитеатарот на Универзитетот-масовно посетен од докторите,се поставија многу прашања,докторите се информираа каде може да прочитаат за промените и каде може да дадат сугестии.
Овакви средби ќе се одржат и во други градови и тоа:

За Битола –терминот е 18.10.2011

Во Битола треба да дојдат претставници и од соседните градови-Прилеп,Охрид,Ресен и Струга
За термин и локација накнадно ке бидат известени сите.

За Штип е резервиран терминот 19.10.2011

Во овој град треба да дојдат претставници од докторите од ЈЗИ и ПЗУ од Кочани,Делчево,Пробиштип,Свети Николе и Македонска Каменица

За Велес –терминот е 20.10.2011

Во Велес треба да дојдат колегите од Неготино ,Кавадарци

За Струмица е предвидено средбата да се одржи на ден 25.10.2011

Таму би тербало да дојдат колеги од Радовиш и Гевгелија

И за Скопје е предвидено да биде на ден 26.10.2011

Во овој град треба да дојдат колегите од Куманово ,Крива Паланка и Кратово

Средбите се предвидени за помасовно информирање на сите нивоа од здравствениот сектор-примарно секундарно и терцијално
Оваквите средби Доктори,Фонд и Министерство се за поздравување и се одличен рецепт за позитивни промени на здравствениот систем на РМ

За термините и локациите членството ќе биде информирано преку своите координатори по градови

Напишете коментар