Почирувани,
На следниот линк можете да го превземете правилникот за измена на правилникот за пристап на веб порталот на ФЗОМ кој излезе во Сл. Весник на РМ број 184/2017.
Се воведува создавање на технички услови за електронски потпис – Квалификуван дигитален сертификат за овластено лице (со тоа ќе се реши проблемот со изминување на важноста на сертификатот на ЕЗК за електронско потпишување на фактури и друга документација).
До создавање на технички услови за примена на дигиталниот сертификат ќе може да се завери полномошно на нотар, на било кое полнолетно и деловно способно лице (претходно важеше и ние така применувавме само за вработено лице во ПЗУ) да може во име и за сметка на ПЗУ електронски да потпишува фактури, договори и слично.
Сите издадени овластувања со полномошна ќе престанат да важат по создавањето на технички услови за користење на квалификуваниот дигитален сертификат.
Со почит,
ФЗОМ