Известување за преоден период за обрасци

Од:
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

До:
Лекарска комора на Република Македонија
Македонско лекарско друштво
Здружение на приватни лекари на Република Македонија
Фармацевтска комора на Република Македонија
Стоматолошка комора на Република Македонија

Предмет: Известување за одложување на примената на дел од новите обрасци кои произлегуваат од Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување

Почитувани,
Во Службен весник на РМ бр. 133 од 30.09.2011 година се објавија Одлуките за утврдување на обрасците предвидени со Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување и Правилникот за користење на здравствени услуги во странство.

На 30.09.2011 година Фондот на својата веб страница истакна известување дека примената на новите обрасци предвидени со Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување и Правилникот за користење на здравствени услуги во странство се одложува за 30 дена или дека истите ќе се применуваат во целост од 01.11.2011 година.

Заради реакции од страна на здравствените установи дека нивните оддржувачи сеуште не можат да извршат промена во програмот во кој работат, Фондот одлучи дека кај обрасците:

1. Рецепт за пропишување на лек;
2. Рецепт за пропишување на лек за странски осигуреник;

од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување да се одложи примената за уште 30 дена или нивната примена во целост да започне од 01.12.2011 година.

Известување за преоден период за обрасци 1

Известување за преоден период за обрасци 2

7 thoughts on “Известување за преоден период за обрасци

Напишете коментар