Известување до сите општи лекари на територијата на ПС Битола

Почитувани,

Поради добиените поплаки од осигурениците, Ве известуваме за начинот на упатување на пациентите за одредени здравствени услуги кои не се извршуваат во ЈЗУ од областа на очната хирургија.
Имено за следните здравствени услуги:

• ХOM1 – ВИТРЕКТОМИЈА на заден сегмент
Овој пакет вклучува следни процедури:
1. Отстранување на стаклесто тело со раздвојување на витреалните врвци
Витректомија преку склеротомија на задна комора
2. Отстранување на стаклесто тело со раздвојување на витреалните врвци и отстранување на пре-ретинална мембрана
Витректомија преку склеротомија на задна комора

• ХОМ2 – АБЛАЦИЈА НА МРЕЖНИЦА
Овој пакет вклучува следни процедури:
1. Деструкција на ретина со фотокоагулација
2. Криотерапија на ретина со помош на екстерна сонда
3. Поправка на одвојување на ретина со дијатермија
4. Поправка на одвојување на ретина со криотерапија
5. Поправка на одвојување на ретина со набирање на склера
6. Поправка на одвојување на ретина со фотокоагулација

• ХОМ3 – ЗАМЕНА НА СИЛИКОНСКО МАСЛО

• ХОМ4 КЕРАТОПЛАСТИКА трансплантација
Овој пакет вклучува следни процедури:
1. Површинска трансплантација на корнеа
2. Трансплантација по полна дебелина
3. Реоперација кератопластика, втора процедура
4. Реоперација кератопластика, трета или последователна процедура

• ХОМ5 KЕРАТОПРОТЕЗА
Овој пакет вклучува следни процедури:
1. Вградување на кератопротеза
2. Отстранување на кератопротеза

Покрај овие 5 хируршки пакети на услуги, во горенаведените болници може да се изведува и ДСГ здравствена услуга за катаракта по фако-метода:

• C16B Процедури на леќата истиот ден,
Оваа услуга вклучува следни процедури:
1. Екстракапсуларна екстракција на очна леќа со факоемулзификација и аспирација на катаракта со вградување на флексибилна вештачка интраокуларна леќа
2. Екстракапсуларна екстракција на очна леќа со механичка факофрагментација и аспирација на катаракта со вградување на флексибилна вештачка интраокуларна леќа

Вие пациентите не трeба да ги упатувате во Клиничките болници односно Клиничка болница Битола, туку во соодветната здравствена установа која има склучено договор со ФЗОМ , Турската очна болница или Систина- офталмологија, со уредно пополнет болнички упат.

Со почит,

ФЗОМ

Напишете коментар